Ослободителна пресуда за доктор Нино Васев, обвинет за несовесно работење во службата

Ослободителна пресуда за доктор Нино Васев, кој беше обвинет за несовесно работење во службата, пренесува телевизија Телма.

Според обвинението, на пацинет со дијагностициран малиген меланом кој требало веднаш да се лекува, Васев како директор на Онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018.

Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор, туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори.

Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што три месеци на пацинетот не му препишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.