Османи ќе бара преиспитување на учеството во Отворен Балкан, ако Србија е вмешана во нападот во северно Косово

Ако се докаже дека Србија на каков било начин е вклучена во нападот во северно Косово, мислам дека треба да го преиспитаме нашето учество во иницијативата „Отворен Балкан“, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– После случувањата на Косово на 24 септември мислам дека Србија треба да направи напори да докаже дека не се вмешани во тој настан бидејќи доколку има какво било државно вмешување навистина го прави невозможно нашето учество и на другите земји во регионот, бидејќи идејата за „Отворен Балкан“, пред се, беше помирување. И ова што се случи во Северно Косово се надевам дека ќе се докаже дека нема државно вклучување, но ако се докаже, навистина мислам дека треба да го преиспитаме нашето учество – рече Османи во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.