Османи ги објави имињата на преживеаните во трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави список на преживеани патници кои се на лекување во Софија, Бугарија, по трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа 46 лица.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија доби официјална потврда од надлежните институции на Република Бугарија за седум повредени патници во автобуската несреќа на автопатот „Струма“, близу Софија.

Го споделуваме списокот на повредените патници, кои се наоѓаат во добра здравствена состојба, и во моментов се хоспитализирани во софиската државна болница „Пирогов“, Ебип Пајазитовски (24.09.1972), државјанин на Северна Македонија, Ѓула Јашаровска (16.06.1972), државјанин на Северна Македонија, Зулејха Јашаровска (12.05.2005), државјанин на Северна Македонија, Минир Јашаровски (06.01.1971), државјанин на Северна Македонија, Медина Љутвиј (21.05.1996), државјанин на Северна Македонија, Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), државјанин на Србија и Орхан Алити (12.04.1976), државјанин на Белгија“, напиша Османи.