Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи утре пристигнува во Бугарија, соопшти Европската комисија. Тој ќе се сретне со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.
Во Софија утре пристигнува и нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи.
Eден од приоритети на актуелното француско претседателство со ЕУ е да се најде решение за билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија.