Османи им честиташе на Украина и Молдавија: Можеше да биде ден на славење и кај нас!

Лидерите на Европската Унија вчера во Брисел неочекувано се согласија да ги отворат преговорите за членство со Украина и Молдавија. Од друга страна, Македонија и Албанија не добија датум за отворање на поглавјата.

За прв пат за време на Самитот се огласи и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Шефот на македонската дипломатија им честиташе на двете земји, а за тоа што на Македонија не и беше признат напредок ја обвини опозицијата.

„Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани. Уште малку!“, гласи краткиот коментар што го објави претпладнево Османи на социјалните мрежи.