Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на својот твитер профил изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Мароко. Тој упати и желби за брзо закрепнување на повредените.
-Шокирани сме од разорниот земјотрес во Мароко синоќа со стотици жртви. Искрено сочувство до семејствата на жртвите и желби за брзо закрепнување на повредените, наведе Османи на твитер.