
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела.
Како што информират од МНР, Османи и Мутуела, направиле преглед на постигнатиот напредок во поглед на имплементација на агендата поврзана со ЕУ, а се осврнале и на актуелниот статус на нашето европско досие.
Од МНР соопштуваат дека на состанокот е разговарано и за текот на подготовките, клучните теми и очекуваните резултати во врска со октомврискиот Самит ЕУ-Западен Балкан, во рамките на словенечкото претседателство со ЕУ, при што е оценето дека Самитот мора да испрати јасни политички пораки за иднината на земјите од Западниот Балкан во однос на ЕУ