Сите противречности меѓу Бугарија и Република Северна Македонија мора да бидат решени, а следните генерации нема да ни простат ако ја испуштиме оваа голема можност, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата која ја имале утрово на софискиот аеродром со македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи.
„Значи, и вие и ние треба да се подготвиме за преговори – за разум, а не за емоции, за да можат нашите соседи да бидат во Европската Унија. Ова прашање е геостратегиска цел на Бугарија и ние и вие треба да најдеме политичка волја и вие и ние и да ја завршиме таа работа“, рече Борисов.
Министерот Османи согласен со Борисув, потенцираше дека добрососедските односи се државен приоритет на земјава, за што Македонија останува цврсто на имплемнтација на Договоро за пријателство со Бугарија.
„Се согласувам, јас бев тука пред две недели со министерката Захариева исто така на поминување и зборевме да се конентрираме на секторската соработка во овој период за да се врати довербата во односите. Работиме на состанок на меѓувладината комисија, договорот кој што го потпишавме во 2017 предвидува еднаш годишно комисијата да се сретне и да направи пресек на договорот и би било добро што порано таа комисја да се одржи а го договоривме и акцискиот план.“, изјави Османи.
По средбата, македонскиот шеф на дипломатијата одговори на прашањето на тв 21 дали Албанија ќе се одвои од Македонија во европскиот пат.
„Мислам дека и двете земји ги исполниле условите за да почнат со преговори, и двете земји треба така да продолжат по овој пат бидејќи тоа ќе и даде дополнителна енергија на целиот регион и на процесот за интеграција. Јас не гледам заинтересираност од било кога Северна Македонија и Албанија да се одвојат на овој пат. Ова ми го потврдија и во текот на посетата во Тирана, дека ни таму нема заинтересираност Република Албанија да се одвои од Македонија во европскиот пат и сметам дека вака треба да продолжиме и понатаму“, рече Османи.
Борисов и Османи, се сретнаа на аеродромот во Софија чекајќи ги своите летови. Османи преку Софија летал за Берн, а Борисов на работна посета во Виена за да оствари средби со повеќе лидери на земји членки на ЕУ.