![bujar osmani](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/bujar-osmani.png?resize=696%2C357&ssl=1)
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.
На состанокот се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието на оваа клучна иницијатива врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи.
На маргините на состанокот во Тирана министерот Османи ќе има билатерални средби со свои хомолози од регионот и пошироко.