Османи на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во вторникот на средбата со амбасадорите на земјите членки на Европксата унија ги брифираше дипломатите и да даде пресек за актуелните случувања  поврзани со европската агенда на земјата, особено предизвиците во билатералните односи со Бугарија и процесот на усвојувањето на преговарачката рамка како предуслов за почеток на преговорите со  ЕУ.

„Северна Македонија демонстрираше посветеност кон европската интеграција, реформскиот процес и регионалната соработка создавајќи со тоа стратешка кредибилност пред своите партнери. Не отстапуваме од нашата амбиција да продолжиме со надворешната интеграција со нашето најблиско соседство, кое посакуваме да резултира со стабилни и квалитетни добрососедски односи, со потенцијал да преминат во трајно пријателство  со силна меѓусебна доверба“, истакна Османи.

На средбата беше дискутирамо и за македонското патиципирање во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

„Нашата држава во 2021 година има постигнато висок степен на усогласување со позициите на ЕУ, дури 96 отсто што е индикатор дека земјата ги споделува  вредностите и проинципите  на надворепшната политика на Европската унија“, истакна Османи.

Зборувајќи за надворешната политика на земјата, Османи се осврна и на регионалните и на безбедносните предизвици и за ситуацијата во и околу Украина, што претставува закана за европската и меѓународната сигурност.