Османи не го коментира „пакетот 5+1“ со Бугарија, разговорите биле само во фаза на идеи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната комисија за надворешни работи говореше за спорот со Бугарија. Но, наместо како што се очекуваше тој да даде одговор за т.н 5 + 1 прашања тој говореше воопштено и без конкретни одговори.

Османи се пофали дека елиминирале едно прашање, а тоа е употребата на краткото име. Османи уверуваше дека не се преговара за јазикот и идентитетот бидејќи правото на самоопределување е неприкосновено .

-Не преговараме за јазикот и идентитетот. Тоа е право на самоопределување, убедуваше Османи.

За самиот пакет 5+1 Османи вели дека разговорите се во фаза на идеи и не може да коментира се додека нема нешто конкретно.