Османи очекува скоро олеснување на рестриктивните мерки

Вицепремиерот Бујар Османи, како главен координатор на кризните штабови на општините за справување со епидемијата на Covid-19, очекува во вторник на владина седница да биде да се донесе одлука за олеснување на мерките за одредени сегменти кои се помалку ризични.

Комисијата за заразни болести според денешната анализа денеска, рече, оти смета дека веќе има услови делумно да се олеснат мерките во одредени сегменти и тој предлог на Комисијата утре ќе се разгледа на седница на Влада доколку до утре драматично не се влоши состојбата.

Во гостувањето на ТВ24, Османи посчочи дека поместувањето на одлуките за олеснување на мерките се должи на последователно зголемување на процентот на заразени, имено во два дена има 10 отсто од вкупниот број тестирани, а денеска е 15 проценти. Затоа, рече, биле прологнирани одлуките за олеснети мерки што се очекуваше уште во петокот и притоа не го коментираше фактот што бројката на тестирањата е речиси двојно намалена во однос на претходниот период, па како резултат реално е и бројот на заразените да биде во пад.

Османи истакна дека чувствува оти граѓаните се опуштаат во придржувањето кон мерките, посебно, како што рече, откако почнале да слушаат дека почнало да се разговара за политика, алудирајќи на настојувањата за скоро одржување на одложените предвремени избори, како и поради убавото време.

„Според сите параметри, не е поминат ризикот и треба да се биде внимателен. Мислам дека не е подобра ситуацијата од пред неколку седмици и месеци. Под контрола е, но не треба да потфрлиме сега кога се  гледа светлото во тунелот. Да издржиме уште малку“, рече Османи.