Османи очекува вреднување на напредокот на државата во услови на пандемија од ЕУ

Очекувам дека ЕК ќе го вреднува напредокот во сите сфери кои се дел од европскиот пат на земјата, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи го Извештајот на ЕК за напредокот, кој официјално ќе биде објавен попладнево во Брисел.

 -Очекувам и вреднување на улогата на државата во услови на пандемија – немањето парламент, со техничка влада, избори, беше сериозен тест за демократскиот капацитет на институциите. И ние покажавме дека може да функционираме и во тешки услови. Очекуваме во Извештајот да стои дека сме го положиле овој сериозен тест – рече Османи.

Тој очекува дека ќе се вреднува она што е направено во делот на владеењето на правото, бидејќи, како што рече,  изминатиот период беше посветен на носење закони во согласност со европските стандарди, а во следниот период доаѓа нивната имплементација.