Виепремеирот задолжен за европски прашања Бујар Османи во петокот се сретна со Томас Осовски, специјален претставник на Сојузното министерство за надворешни работи за преговори за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ и Директор за политики на Европската унија.
Вицепремиерот Османи на почетокот на средбата изрази задоволство од германската поддршка за реформскиот процес на земјава, имајќи ја предвид и оваа посета на Осовски, која доаѓа како продолжение на посетата на Вицепремиерот во Берлин, каде меѓу останатите, оствари средби и со Министерот за Европа Рот. Ова, истакна Османи, претставува потврда за пријателскиот однос меѓу двете земји, но и силната поддршка на Германија за процесот на проширување на Унијата, покрај иницираниот Берлински процес за земјите од Западен Балкан.
На средбата Османи го информираше Осовски за текот на реформите откако е дојдена новата Влада, го запозна со реализацијата на Планот 3-6-9, а се осврна и на надворешната политика на земјава чии резултати се веќе видливи во контекст на затворање на соседските прашања со кои дополнително се откочува процесот на европска интеграција на земјава.
„Во однос овие процеси, Османи подвлече дека наредните претседателства доаѓаат од земји кои се заинтересирани за Балканот, и овде гледа можност за Агенда за проширување на Балканот. „Ако ја одржиме позитивната клима, одржиме кредибилни и веродостојни избори, и ги спроведиме реформите, очекувам и ЕУ соодветно да реагира со позитивен извештај, отстранување на условеноста на препорака за отпочнување на пристапните преговори, а соодветно на натамошните резултати, и добивање датум за преговори“, истакна Османи.