Османи денеска потврди дека ги користел услугите како советник на професорот и прв македонски министер за надворешни работи, Денко Малески, кој пак оваа пролет во разговор за бугарската телевизија „Европа“ во емисијата „Слободна зона“, зборуваше за македонско-бугарските отворени прашања.
Таму Малески ги декларирал Крсте Петков Мисирков за Бугарин, а Гоце Делчев со бугарско национално чувство, на што наиде на критики кај овдешната стручна јавност и публика, пренесува телевизија Телма.