Се согласувам дека требаше да има консензус за ова клучно прашање, но видете. Ние имаме само една шанса, на 30 септември пред светот ќе покажеме дали сме за ЕУ и НАТО или не, ние нема да имаме втора шанса за НАТО, тоа го кажувам сега јасно, нема да имаме друга можнотс. Јас не знам дали ќе имаме шанса за да разговараме на тема НАТО, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во дебатната емисија “200“ на Алсат телевизија, на што новинарот Горан Момировски му реплицираше дека со ваков вокабулар на голем дел од македонските граѓани им звучи како закана, при што Османи одговори дека само сака да биде директен кон јавноста.
„Јас ви кажувам дека 80 отсто од македонскиот народ сметаат дека треба треба да бидат во НАТО, дека треба да постои оваа држава и дека треба да живееме заедно“, рече Османи без да ги поткрепи своето тврдење со какво и да е показател од актуелно истражување на јавното мнение.
Момироски повторно му реплицираше велејќи му дека, повторно индиректно се заканува, дека не на него како вицепремиер да поставува теза за постоење на државата, државата постои и ќе постои и дека не треба да се прави муабет за тоа.
„Јас мислам дека без НАТО, ќе биде сериозен предизвик. Во ваков турбулентен регион, во ваков турбулентен геополитички контекст, Македонија без НАТО без Европската Унија, сама, фрагилна, ранлива, јас мислам дека ќе има сериозен предизвик, за мирот и за безбедноста на граѓаните“, му одговори вивепремиерот Османи на новинарот Момировски.
Повторно се заканувате, мислам дека ви е најголемата грешка во целата кампања, констатираше Горан Момировски, на што Османи повторно одговара со закани.
„Се заканувам, затоа што им велам на граѓаните, доколку сакаме мир, стабилност, за да живееме во мир во наредните 100-200 години, одлуката е на 30 септември. Ако сакаме несигурност, непредвидливост сериозна непредвидливост и по безбедноста на државата, одлуката зависи на 30 септември. Ако сакаме странски инвестиции, или повлекување на странските инвестиции, одлуката ја носиме на 30 септември. И терба да бидеме искрени со граѓаните, имате одговорности како интелектуалец и како новинар. Јас знам дека секој може да профитира од оваа ситуација, и ние може политички и партиски да профитираме, и јас можам персонално да профитирам. Но ова не е таа тема, овие 12 дена треба да размислуваме за стратешката определба која ќе определи за наредните векови некои прашања“, образложи Османи.