![bujar osmani](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/bujar-osmani.png?resize=666%2C392&ssl=1)
Во однос на предлогот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека треба да биде избран Албанец за претседател на државата, портпаролот на партијата, Бујар Османи, вели дека тоа прашање не е поврзано со рокови туку е идеја што ги предизвикува стереотипите.
-Ахмети на последните состаноци со граѓаните ги објаснува двете поглавја на политичкото дејствување на ДУИ. Завршувајќи со премиерот, кој е договорен согласно договорот од 18 август, а ќе биде во последните 100 дена од оваа влада. Го промовираме концептот на еднаквост и рушење на стереотипите и оттука консезуален е и концептот за претседател на државата кој останува како најдобро решение за оваа држава. Не е важна националноста туку еднаквоста, нашиот концепт е постигнување на еднаквост и рамноправност. Прашањето за кога може да се очекува Албанец да биде претседател не е прашање на рокови и на динамика, ДУИ ги предизвикува стереотипите – изјави Османи.