Османи: Тешко е да се зборува за избори кога на инфективна секоја ноќ се примаат нови пациенти кои завршуваат на респиратори

Бујар Османи од ДУИ во емисијата Клик Плус на ТВ 21 истакна дека на нив како партија тешко им паѓа кога во ситуација каде секоја ноќ на инфективна клиника се примаат пациенти кои завршуваат на респиратори, да се збори за одржување на избори, иако се свесни дека на државата и е потреба влада со политички мандат.

„Јас се согласувам дека на државата или на владата и треба политички мандат, но ако сте приметиле, ние од моментот прогласивме мораториум на изборната кампања некаде во месец март, ние од тогаш во ниту еден момент ги немаме спомнато изборите. И сега во оваа ситуација, ние не само што не бевме иницијатори туку и не ни пробуваме премногу да ги коментираме, бидејќи навистина тешко ни паѓа да зборуваме за избори кога сеуште на инфективна клиника се примаат пациенти кои завршуваат на респиратори.