Франција е еден од клучните политички фактори во Европската Унија и нејзината улога во процесот на проширување има фундаментално значење за успешност на процесот, изјавил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
На средбата на која било потпишано писмото со кое техничкиот експерт од Франција, Франсоа Лафонд и формално стана дел од тимот на Секретаријатот за европски прашања Османи говорел и за новите потенцијали согласно пораките содржани во новата Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година. Според него, Стратегијата е една од најважните инцијативи на Европската Комисија за овој регион, затоа што директно покажува дека Унијата го враќа фокусот на регионот, а процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан е повторно високо на агендата на ЕУ.