3.8 C
Skopje
четврток, јануари 9, 2025

Османи тврди дека лани бил одбен предлог-договор за решавање на спорот со Бугаријa, два члена биле неприфатливи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите откри дека минатата година во декември тогашната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева му дала предлог договор за решавање на спорот меѓу двете земји, јавува репортерот на ТВ21.

Како што рече Османи, два члена биле спорни за Владата од тој договор, со кој се барало да потпишеме дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од Отоманската империја.

Османи додава дека засега нема идеја за потпишување на нов договор со нашиот сосед.