Османи утре во посета на Турција, ќе се сретне со Чавушоглу

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе оствари официјална посета на Република Турција, при што ќе се сретне со неговиот турски хомолог, Мевлут Чавушоглу.

Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина.

Освен со својот домаќин, Османи ќе оствари средба и со претседателот на големото национално Собрание на Турција, Мустафа Шентоп. На маргините на посетата на Анкара, Османи ќе се сретне и со поранешниот министер за надворешни работи, Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30 годишнината на независноста на Северна Македонија.