Османи во Брисел на состанок на НАТО со Министрите за надворешни работи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на 6 и 7 април 2022 г. ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за надворешни работи, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел.

Централна тема на сесиите ќе бидат актуелните безбедносни состојби предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, како и за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирање на безбедноста на сите земји членки на НАТО.

Министрите ќе разговараат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, односите со земјите партнери на Алијансата, како и за начините за унапредување на политичката и практична помош за партнерските земји кои се изложени на поголем ризик.

Престојот во Брисел Османи ќе го искористи за да оствари и неколку билатерални средби со своите хомолози.