Османи во Минхен на средби со министрите за надворешни работи на Холандија, Исланд и Јордан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, подоцна во саботата во рамките на вториот ден од годишната 58-ма Минхенска безбедносна конференција ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Вопке Хоекстра, а ќе се оствари средба и со министерот за надворешни работи на Исланд, Тордис Колбрун Рејкфорд Гилфадотир, како и со Ајман Сафади, заменик премиер и министер за надворешни работи на Јордан, информираат од Министерството за надворешни работи.

Османи ќе има состаноци и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и со баварската државна министерка за европски прашања и меѓународни односи во покраинската канцеларија на Баварија, Мелани Хумл, како дел од активностите на владината делегација, предводена од премимерот Ковачевски.

Во програмата на министерот се предвидени и средби со Дејмон Вилсон, претседател на Националниот фонд за демократија на САД и со поранешниот генерален секретар на НАТО и висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана.

Во текот на денот министерот Османи, ќе има и свое излагање на специјален настан организиран од сојузната министерка на Германија, Аналена Бербок, поветена на земјите од Западен Балкан, на која се очекува да присуствуваат повеќете министри за надворешни на овој регион.

Посетата на Минхен, Османи ќе ја искористи и да го посети Генералниот конзулат на  Македонија, каде што ќе има можност да се сретне со претставници од нашата дијаспора и на некои од нив да им врачи патни исправи, издадени од базната станица која е поставена во овој конзулат.