
Портпаролот на ДУИ и шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи, вели ги почитува ставовите на САД и ги смета за добронамерни, во врска одлуката на Стејт департментот за ставањето на црна листа на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко,
-ДУИ има јасни ставови по однос на владењеето на правото и борбата против корупцијата и таквите ставови се претворени во формални одлуки на партијата, нагласува Османи.
-Најпрвин ДУИ бара институциите веднаш да се почне со сеопфатна истрага за наводите и можните информации за Мерко кои произлегуваат од одлуката на Вашингтон. ДУИ ја прифаќа одлуката на Мерко за замрзнување на неговото членство во раководните органи на партијата. Како трето, ДУИ ја прекинува изборната активност во општина Струга се додека не се создадат услови за тоа. Исто така, партијата ги повикува сите истражни институции во соработка со меѓународната заедница да започнат истрага за сите партии, од претседателите, до најниски ешалони, истакна тој.
Османи додаде дека струшкиот градоначалник лично побарал да се замрзне неговото членство во раководните органи на партијата од Мала Речица. Тој истакна дека Мерко во моментов не е целосно отстранет од ДУИ.
-Тој веќе не е член на претседателството и на Генералниот совет на партијата, се додека трае истрагата. Темата е многу јасна, нагласи Османи.