Османи за трансферот на Лимани: Од ДУИ досега произлегоа 13 партии, сите со краток здив

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е висок партиски функционер во владејачката партија ДУИ, го коментираше преминувањето на нивниот член Фатмир Лимани во Беса.

Лимани инаку е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на локалните избори се кандидираше за градоначалник на Кичево, независно од матичната партија.

-Од ДУИ во овие 20 години произлегле над 13 политички партии, сите со краток здив и тоа од политички фигури кои биле на високи функции во партијата. Господинот Лимани не бил во ниту една висока позиција во партијата, ниту партиска ниту владина. Така што со среќа нека им е на  сите што мислат дека има подобро, поконзистентно и посилно од ДУИ, рече Османи за „Утрински брифинг“.