Осми ден трае потрагата по исчезнатото лице од крушевско

Од 9 часот утринава ќе продолжи потрагата по исчезнатото лице во Крушевско.

Како што информира Центарот за управување со кризи се планира потрагата да продолжи потрагата кон шумските појаси.

-Регионалниот ЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации, велат од ЦУК.

Потрагата по исчезнатото лице од Крушево трае во континуитет од самото пријавување во МВР во четвртокот, на 22.12.2022 година, но лицето сѐ уште не е пронајдено.

-Во вчерашната потрага учествуваа 15 полициски службеници од ОВР Крушево, 14 војници од АРМ со 1 куче трагач, 7 пожарникари од ТППЕ Крушево, Регионалниот РЦУК Крушево со 4 лица вработени, ПО ДЗС со 3 вработени, екипа од Шумска полиција 2 со 1 возило и околу 20-тина граѓани доброволци. Повторно се пребаруваа сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места (колиби, напуштени куќи, штали). Екипите од МВР и ТППЕ Крушево се повлекоа во 15:30 часот, а Армијата во 17:00 часот, информираа вчера од ЦУК.