Осми и најмоќен земјотрес во 24 часа го потресе хрватски Сисак

Земјотрес со магнитуада од 4,3 по Рихтеровата скала го погоди во средата претпладнето регионот на Сисак, во централна Хрватска, извести Еввропскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на потресот бил на 14 километри западно од Сисак на длабочина од десет километри, според EMSC.

Хрватската Сеизмолошка служба го регистрирала потресот во 10,59 часот кај Глионска Полјана, со магнитуда од 4,1 по Рихтер, со интензитет во пеицентарот од V степен на EMS скалата.

Овој потрес е осмиот во последните 24 часа во Хрватска, а воедено е и најсилен според интензитетот.

Засега нема информации за настрадани или штети од потресот крај Сисак, кој се наоѓа на 57 километри југоисточно од хрватската престолнин Загреб, со околу 47.000 жители. Градот е најголемото речно пристаниште во земајта и крај него е најголемата рафинерија за нафта.