Осми меѓународен турнир во карате Фунакоши Опен 2017

Традиционалниот меѓународен карате турнир Фунакоши Опен по осми пат годинава ќе се одржи на 11 март со почеток во 10:30 часот во спортската сала Архиепископ Доситеј при О.У.  Круме Кепески во Скопје.

Се очекува учество на околу 500 натпреварувачи од Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Косово и домаќинот Македонија.

Организаторот, карате клубот Фунакоши Гичин од Скопје е задоволен како течат подготовките во пресрет на турнирот.

“Како домаќини сме задоволни од одзивот на натреварувачите и од досега пријавените учесници. Меѓународниот аспект на турнирот со учество на голем број репрезентативци во кати и борби е гаранција за квалитетен собир. Истовремено, сакам да додадам дека турнирот е поддржан во судскиот дел со квалитетни судии, што дополнително говори за одличните услови за натпреварување.”- изјави Стојан Андриевски, организатор, а воедно и селектор на репрезентацијата на Македонија за помлади кадети, кадети, јуниори и сениори во кати.

Инаку, организаторот на традиционалниот меѓународен турнир карате клубот Фунакоши Гичин во текот на целата година врши уписи во училишната сала на О.У. Круме Кепески во скопската населба Кисела Вода во следните термини:

секој вторник од 19.30до 21.30 часот,

секој четврток од 19.30 ди 21.30 часот и

секоја сабота од 18.00 до 19.00 часот.