Продукцијата „Дрим фактори“ открива ексклузивни кадри од снимањето на најновата епизода на „Танц со ѕвездите 2“ која ќе се емитува утре во 20,15 часот на првиот програмски сервис на Македонската Радио Телевизија.
Во седмата елиминациона емисија по ред, уште една танцова двојка ќе го напушти шоуто. Димитар Атанасовски и Владимир Франц ќе ги измерат силите и вештините за танцување на сцената, но за жал, еден од нив ќе мора да го напушти шоуто.
„Танц со ѕвездите 2“ е најгледаното домашно шоу, затоа не пропуштајте да погледнете која ѕвезда ќе си оди дома.