Основачот на Монти Пајтон, Тери Џоунс, дијагностициран со деменција

Тери Џоунс, еден од основачите на саканта англиска комедиска група Монти Пајтон, е дијагностициран со деменција, јавува БиБиСи.

Заедно со Тери Гилијам, Џоунс го режисираше еден од иконските филмови на групата, „Монти Пајтон и Светиот Грал“. Тој исто така ги режираше „Животот на Брајан“ и „Значењето на Животот“.

Портпаролот за Џоунс им изјавил на Гардијан дека „Тери е дијагностициран со примарно прогресивна афазија, вид на деменција“.

„Оваа болест ја напаѓа неговата способност за комуникација и тој повеќе не е во можност да дава интервјуа“, продолжува портпаролот. „Тери е горд и почестен да биде валоризиран на овој начин“.

Кетрин Смит, директор на операции во „Алцхајмеровото општество“, изрази сочувство велејќи „Длабоко жалиме за веста за дијагнозата на деменција и сме загрижени за Тери и неговот семејство во овие тешки мигови за нив“.