„Вила ер“ е нова авионска компанија која е создадена само за инфлуенсери. Првиот лет ќе биде реализиран во текот на месецов, од Лос Анџелес до музичкиот фестивал во Коачела, Калифорнија. Вкупно 12 инфлуенсери ќе добијат место во авионот, пишува Факултети.мк.
Во текот на летањето патниците ќе уживаат во разни поволности, како шампањ пред летот и масажи. Првиот лет е бесплатен, но патниците треба да имаат билет за фестивалот, како и да бидат вакцинирани против ковид-19. Среќните патници ќе бидат одбрани според повеќе фактори, но приоритет ќе им биде даден на корисниците на платформата „Вила“.
Авионската агенција е основана од платформата „Вила“. Агенцијата засега има само еден авион, а веќе се примаат апликации за летови преку интернет.
Во апликацијата треба да се остави името и податоци за профилите на „Тик-ток“ и „Инстаграм“. Засега е најавен лет до Њујорк за модната недела во септември.