Не е „маратонско судење“, туку судење во разумен рок за што има и најмногу пресуди од Европскиот суд за човекови права, реагира Основниот суд Скопје 1 во врска со обвинувањата дека судот на обвинетите за настаните во Собранието од 27 април не им овозможува услови квалитетно да ја подготват одбраната поради долготрајноста на судењето.
Судот вели дека одбрана го опструира и го одолговлекува судењето.
Од Судот потсетуваат дека адвокатите кои најчесто имаат замерки за водењето на овој предмет мора да имаат предвид дека освен нивните штитеници, со конкретниот предмет опфатени се и обвинети кои издржуваат мерка притвор и додаваат оти во нивен интерес е постапката да се води ефективно и навремено.