Основното училиште „Наум Охридски“ во Булачани ќе добие спортска сала

Интегрален текст од изјава Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба: 

Ви благодарам за присуството на денешниот настан. На мое задоволство денес заедно со претседателот Христијан Мицкоски сме во посета на населеното место Булачани каде започнуваме на реализација на уште еден нов капитален проект во општина Гази Баба.

Денес започнуваме со изградба на нова спортска сала во основното училиште „Наум Охридски“ тука во Булачани.

Ме радува фактот што скоро после 60 години од постоење на училиштето за првпат започнуваме со изградба на спортска сала во која што учениците од Булачани ќе имаат можност да ги реализираат часовите по физичко и здравствено образование.

Вкупната инвестиција на овој проект е 32 милиони денари. Инвестирајќи во образованието и во спортот, ние инвестираме во нашата иднина. Инвестирајќи во младите, инвестираме во силни и здрави генерации кои што бидат иднината на нашата држава.

Ме радува фактот што во почетокот на оваа 2023-та година се реализира голема градежна офанзива во општина Гази Баба, во сите населени места. И Гази Баба од ден на ден добива нов лик.