Осомничен разбојник изеден од алигатор додека бегал од полицијата. Метју Ригинс, 22-годишното момче бил баран од полицијата поради серија кражби во градчето Берфут Беј на Флорида.
Тој бил најден мртов и делумно изеден од алиигатор, откако паднал во мочуриште додека и бегал на полицијата. Остатоците од неговото тело биле пронајдени по десетденевно трагање.
Најверојатно бегал од полицијците и кучињата кога налетал на алигоаторот. Никогаш не сме имале ваков случај, изјави претставникот на локалната полиција Тод Гудиер, наведувајќи дека и нуркачите при пребарувањето на мочуриштето ги нападнал голем агресивен алигатор.
Опасниот предатор бил успиен и извлечен од водата, по што форензичката анализа утврдила присуство на остатоци на Ригин во утробата на алигаторот.
Бил на погрешно место во потрешно време, заклучи Гудиер.
Гудиер изјавил дека Ригинс по телефон и рекол на неговата девојка дека ќе ограбува домови вечерта на 13-ти ноември, а подоцна и се јавил за да и каже дека го брка полицијата.