Осомничен за полов напад врз 11-годишно девојче доби 30 дена притвор

Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – Полов напад врз дете кое не навршило 14 години.

Како што инцформираат од ОЈО, осомничениот се товари дека на 22-ри јули годинава, околу 19.30 часот извршил други полови дејствија врз 11-годишно девојче во гаража во близина на Млечен ресторан во Скопје.

По предлог на надлежен обвинител, судија на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.