Осомничениот за убиството на Јелена порача: Утре ќе се јавам во полиција

Мајката на побегнатиот Небојша, Нена Ројко потврдила за српски Курир дека нејзиниот син кој што е во бегство се јавил дома и рекол дека не ја убил пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ.

Ме повика синот. Ми рече дека нема врска со убиството на Јелена. Рече дека утре сам ќе се пријави во полиција за да објасни зошто побегнал додава мајката на Ројко.

Таа открива зошто нејзиниот син побегнал кога ги видел специјалците во дворот.

Нему му остана да отслужи една година во затворот во Забела за поранешни дела. Мислеше дека полицајците го бараат за да го проведат, појаснува таа.

Инаку полицијата и натаму интензивно трага по Небојша Ројко, за да го испита во врска со убиството на пејачката Јелена. Неговиот брат Игор вчера беше однесен на испитување, а Небојша побегнал.