Осомничениот за убиството на Јелена уапсен во БиХ

Полицијата во областа Брчко во БиХ го уапсила Небојша Ројко од Борча, кој е осомничен за убиството на српската пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, пишува српски „Курир“.

Мајката на Небојша, Нена утрово за „Курир“ потврдила дека нејзиниот син Небојша е упасен во населбата Грбавица во областа Брчко, каде живее неговата баба, каде што тој бил на гости.

Тој требаше таму да преспие и денес да дојде дома и да се предаде во полицијата, вели Нена и додава дека синот утрово и’ се јавил.

Ми се јави утрово околу 3 часот и ми рече дека е уапсен и дека би требало денес да го префрлат во Белград, раскажува таа.

Инаку, сеуште не е пронајден предметот со којшто пејачката била свирепо убиена.