Белгиските власти во вторнико потврдија дека лицето за коешто се претпоставува дека вечерта во понеделникот уби двајца шведски државјани а беше застрелано и почина во вторнокот утрото и иофицијално е идентификувано.
Така, сега и официјално е потврдено дека станува збор за лице коешто сојузното државно обвинителство официјално вообичаено го наведува само името и првата буква од презмието Абдесалем Л.
Полицијата во вторникот го пронашла во едно кафуле во бриселската општина Схарбек, откако малку пред 8 часот добила дојава од еден очевидец, се наведува во соопштението на белгиското сојузно државно обвинителство.
„Утрово малку пред 8 часот еден сведок ја извести полицијата во Брисел дека го забележал наводниот сторител на нападот во еден локал во Схарбек“, се наведува во соопштението.
Во престрелката со полицијата е застрелан, а по повеќе обиди за реанимација починал утрово во 9,38 часот во една од бриселските болници, потврди обвинителството.
Белгиската министерка за внатрешни работи Анели Верлинден потврди дека во негова близина била пронајдено автоматското оружје за коешто со вештачење е утврдено дека било употребено во нападот.
Министерката додаде дека сѐ уште не може да потврди дали нападот го извел сам или имал помагачи. Претходно порталот LN24 пренесува дека белгиската полиција во моментов трага по уште две лица.
„Станува збор за сериозен напад и за безбедноста на населението во нашата земја. Сојузното државно обвинителство ја истражува можноста дека извршителот на нападот имал помагачи“, рече на прес-конференција министерката Верлинден.
Сојузното државно обвинителство соопшти претходно дека нема докази дека сторителот на кој и да е начин бил поврзан со ситуацијата во Израел и во Појасот Газа, окупираните палестински територии и пошироко на Блискиот исток.
Според првите елементи од истрагата, Абдесалем Л., кого медиумите ги идентификуваа како 45-годишниот Абдесалем ал-Ѓулани, препоставениот убиец, е туниски државјанин кој нелегално живеел во бриселскиот квар Схарбек.
Тој во ноември 2019 година поднел барање за азил, кое било одбиено една година подоцна. Меѓутоа, полиција потоа не успеала да го пронајде за да му го врачи решението дека мора да ја напушти Белгија. Полицијата го сомничела и за трговија со луѓе, нелегален престој во земјата и напад врз безбедноста на државата.
Тој се сомничи дека во понеделникот вечерта по 19 часот, пред почетокот на фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска убил двајца шведски државјани, кои биле во дресови на нивната национална селекција, а уште едно лице е тешко рането.
Министерката за внатрешни работи Анели Верлинден рече дека полицијата го засилила надзорот околу шведските дипломатски претставништва. Надзорот е зајакнат и околу продавниците на шведскиот ланец за мебел IKEA.
Се претпоставува дека смртоносниот напад во Брисел е одговор на низата јавни сквернавења и палења на светата муслиманска книга Коранот во Шведска од 2020 до 2023, настани за кои и покрај противењата на муслиманските земји во свотот, шведските судови и полицијата даваа одобрувања, правдајќи го тоа со слободата на изразувањето на говорот со што се гордее шведското општество.