Лицето кое вчера полицијата го приведе во врска со опожарувањето на возилото на прилепскиот пратеник Петар Ристески, доби седумдневен притвор.
Но, притворот е за спречување службено лице при вршење на службено дејство, бидејќи на распитот во полициската станица, приведениот го искршил својот мобилен телефон кога му бил побаран од полициски службеник, објави „360 Степени“
Во меѓувреме, задржано е уште едно лице за кое истражителите веруваат дека има информации околу палењето на автомобилот. Меѓутоа, ниту едниот ниту другиот сѐ уште не се водат за осомничени, односно не им е поднесена кривична пријава.
Од Јавното обвинителство велат дека денеска се обезбедуваат и ќе се прегледуваат видео снимките од надзорните камери, а ќе се вештачат и другите докази за да се утврди дали првото лице е поврзано со палењето на автомобилот.