Осомничениот за убиството на Данка: Никогаш не сум го видел тоа девојче!

Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар за денеска е закажано рочиштето на Срѓан Јанковиќ, кој е осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ, а во зградата на Обвинителството пристигнал две минути пред почетокот на рочиштето, пишува Блиц.

Јанковиќ бил донесен во полициска станица и со лисици на рацете и нозете донесен во Обвинителството.

По два месеци избегнување да ја изнесе својата одбрана, Јанковиќ наводно решил да проговори за убиството на Данка Илиќ, пренесува Блиц.

Меѓутоа, кога Јанковиќ всушност „запеал“, сите останале шокирани. Тој рекол дека не го убил девојчето. Згора на тоа, тој кажал дека никогаш не ја ни видел!

Да потсетиме, девојчето исчезна на 23 март додека била со мајка си во Бањско Поље кај викендицата, по што била започната опсежна потрага.

По десетдневна потрага, полицијата уапси двајца работници на ЈКП „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, за кои се сомневаат дека со автомобил го удриле детето, го ставиле телото во багажникот и го однеле на депонија.

Родителите на малата Данка изјавија дека целото семејство поминало низ емотивен пекол при потрагата по детето, но и откако дознале дека е убиена.