Осомничениот за убиството на малата Данка бил подготвен да зборува пред обвинител

Во Вишото јавно обвинителство во српскиот град Заечар за денеска е закажано рочиштето на Срѓан Јанковиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.

Медиумите во Србија објавија дека тој е подготвен да зборува за делото. Од моментот кога бил приведен се бранел со молчење, а најголем сомнеж дека е подготвен да зборува за делото предизвикал моментот кога му го откажал полномошното на бранителот и решил да ангажира по службена должност бранител. Набрзо му кажал дека сака да даде исказ во Обвинителството, а тоа што може да го каже може да помогне да се реши случајот со Данка Илиќ по повеќе од два месеци агонија.

Двегодишното девојче Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поле кај Бор. По десетдневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата ги уапси Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот.

Според официјалните лица, Јанковиќ го возел службениот автомобил со кој го удрил девојчето, но не ни знаел дека тоа го направил додека не му кажал Драгијевиќ кој бил на совозачкото место.

После тоа, наводно го ставиле девојчето во автомобил мислејќи дека е мртва, а кога Данка се разбудила Драгијевиќ ја удавил.

Според досегашните информации нејзиното тело било фрлено во депонија.