Осомничениот за убиството на белгискиот полицаец во четвртокот вечерта била на списокот радикализирани исламисти и неколку часа пред нападот бил на психијатрија, соопшти во петокот белгиското обвинителство.
Полициската патрола била нападната во четвртокот вечерта во северните населби на белгиската престолнина Брисел, додека чекале на семафор во полициско возило. Едниот полицаец бил прободен во вратот а другиот во раката, изјави портпаролот на обвинителството Ерил Ван Дер Сипт на прес-конференција.
„Успеал да повика помош преку радиото и рекол дека напаѓачот извикувал ‘Алаху Акбар’“, извик на радикалните исламисти при изведувањето на нападот, изјавил портпаролот Дер Силт додавајќи дека осомничениот, 32-годишен белгиски државјанин, бил на списокот на радикализираните муслиманки во националната безбедносна агенција OCAD/OCAM.
Возачот, 29-годишниот полицаец, починал од повредите во болница, додека неговиот 23-гоидишниот колега е во стабилна состојба операцијата, известил уште полицискиот портпарол.
Осомничениот претходно во четвртокот бил во полициска станица во „ментално нарушена“ состојба и барал помош, соопштија од белгиското обвинителство. Полицијата го однела на психијатрија во локална болница, а подоцна дознала дека си заминал бидејќи немало основа да биде задржат на одделот без негова волја. Полицајци кои дошле на помош на повикот од колегите го раниле со истрел од огнено оружје и го пренеле во болница каде ќе биде испитуван кога доволно ќе закрепне.