Судењето за „Рекет”, продолжува по неколку одложувања. Надлежната обвинителка за предметот „Рекет“, Лиле Стефанова, која моментално сведочи, рече дека истражителите и објасниле дека при претресите извршени кај осомничениот Јордан Камчев, тие подготвени ги пречекале.
При претресот во 6 часот утрото Јордан Камчев ги пречекал облечен во тренерки. Таму било и лицето Зоран Милевски – Кичеец. Слична ситуација истражителите кажале дека имало и во просториите на Орка Холдинг. Канцелариите биле средени и уредни. Таму ги пречекале Михајло и Филимена Маневска, рече Стефанова.
Таа додаде дека со обвинетата Катица Јанева, имало негодување при нејзиното барање да се прифатат поблаги мерки за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите притворени лица во случајот „Империја”.