Останал без 11 милиони евра од џекпот зашто задоцнил да го пријави

Добитник на џекпот во износ од 70 милиони турски лири, или повеќе од 11 милиони евра, на новогодишната лотарија во 2019 година и не е толку среќен, бидејќи навреме не се пријавил за преземање на наградата, па останал без парите.

Имено, добитникот на џекпотот според пропозициите на лотаријата требало да се пријави во деловница на приредувачот на играта на среќа до 17 часот на 31-ви декември 2019 година. Меѓутоа, бидејќи добитникот не го сторил тоа, добивката е поништена а парите му се вратени на турското Министерство за финансии, пишува во средата весникот Daily Sabah.

Мистериозниот добитник предизвика голем интерес во турската јавност и дојде на насловните страници на весниците, бидејќи не се одѕиваше на повторените јавни повици да ја подигне наградата која е извлечена уште на 31-ви декември 2018 година.

Според претставникот на Турската лотарија, кој истакнува дека добитникот повеќе и нема право да ја подигне премијата, станува збор за прв случај кога добитникот не ја подигнува главната награда.

Премијата на новогодишната лотарија во Турција за штотуку настапената 2020 година изнесуваше 80 милиони турски лири, или околу 13,5 милиони евра.