Останал без автомобилот – додека пазарел ги оставил клучевите во бравата, за среќа полицијата брзо му го пронајде

Во петокот со брза интервенција на полицијата, во Бутел е пронајдено патничко возило „ауди”, сопственост на Р.Ф., кој околу 150 часот во Полициска станица Чаир го пријавил дека му било одземено.

Според пријавеното, скопјанецот возилото го оставил со клучеви во брава пред угостителски објект во Скопје Север, а неговото внимание било искористено и возилото му било одземено.

По добиената пријава, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир веднаш излегле на терен и по  преземени мерки и активности го пронашле возилото паркирано на улицата „Гвадалахара”. По извршениот увид одземеното возило ќе биде  вратено на сопственикот.