Организацијата за потрага по исчезнати лица Мајките на (мексиканската сојузна држава) Сонора – Madres Buscadoras de Sonora – објави во петокот на својот профил на Twitter дека е откриена масовна гробница со останки од 13 тела, како и дека обвинетелството и криминалистите започнале истрага.
„Најмалку две тела во женска облека беа пронајдени во гробница во Пуерто Панаско. Доколку имате исчезната сестра, тетка или мајка, задолжително обратете се во обвинителството за ДНК анализа“, се вели во еден од низата твитови на организацијата.
Како што соопштува на својот Facebook профил обвинителството на сојузната држава Сонора, од 13-те откриени тела, само едно е закопано неодмана, а другите веќе се скелети на кои има облека. Форензичарите сега треба да ги утврдат причините за смртта и идентитетот на жртвите.
Кон средината на април годинава во истата северозападна држава Сонора, припадници од групата која трага по исчезнатите роднини откри тајна гробница со тела на 25 луѓе. Во текот на изминатите пет години, само една од повеќето групи трагачи по своите исчезнати роднини пронајден останки на повеќе од 300 луѓе, главно жртви на криминалните организации кои дејствуваат во регионот.
Според статистичките податоци на владината Национална комисија на Мексико, од крајот на 2006 до август 2019 година биле откриени 3.024 тајни масовни гробници во кои се откриени човечки останки. Околу 40.000 луѓе официјално се пријавени како исчезнати.
Оваа латиноамериканска земја последните неколку години дожувува нова експлозија од невидено брутално насилство. Минатата 2018 година во Мексико биле убиени повеќе од 33.300 луѓе, повеќе од кога и да е претходно во периодот откако се води црната статистика на федерално ниво. Во периодот јануари/февруари 2019 година бројот на жртвите се зголемил за 13,5 отсто во споредба со истиот период претходната година.
Al menos dos cuerpos con prendas femeninas en fosas de Puerto Peñasco… ¿alguien tiene una hermana, tía, hija o madre desaparecida?, acérquese a hacerse ADN en la Fiscalía. pic.twitter.com/CP2lXBwANt
— Madres Buscadoras de Sonora (@BuscadorasDe) October 24, 2019