Oстануваат во притвор oсомничените за трагедијата во Нови Сад

Вишиот суд во Нови Сад им го продолжи притворот на осомничените во истрагата што се води поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а две лица се тешко повредени.

На еден осомничен за кривично дело тешко дело против општата безбедност, во врска со кривичното дело предизвикување јавна опасност поради вознемирување на јавноста, продолжен му е притворот за 30 дена.

И на другите деветмина осомничени за кривично дело тешко дело против општата сигурност во врска со кривичното дело непрописно и неправилно изведување градежни работи исто така продолжен им е притворот за 30 дена бидејќи би можеле да го повторат кривичното дело за кое се осомничени и поради вознемиреност во јавноста.