На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути остро падна во претпладневното тргување ден по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,20 поени, додека вчера во истиот пресек од трговскиот ден изнесуваше 109,16 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,85 на 155,15 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0390 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0305 долари.
Во својот инаугуративен говор во понеделникот, Доналд Трамп рече дека може да воведе царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико веќе од 1-ви февруари.
Веднаш потоа, мексиканската валута падна за повеќе од еден процент во однос на доларот, додека цената на канадскиот долар во однос на американскиот колега падна на најниско ниво во последните пет години.
Цените на нафтата се во пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,03 отсто, на 80,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,67 отсто, на 77,35 долари.