Остар пад на доларот, нафтата поскапе

На валутните пазари во вторникот претпладнето вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 100,70 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 101,02 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 140,85 на 140,65 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1125 долари, додека ден претходно во истиот дневен пресек од тргувањето изнесуваше 1,1085 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,43 отсто, на 73,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,67 отсто, на 70,55 долари.