На валутните пазари вредноста на доларот во претплаадневното тргување во четвртокот во однос на кошничката валути остро падна, по одлуките и пораките на американската централна баанка.
На последната седница во годината, челниците на Federal Reserve – Fed ги оставија каматните стапки непроменети во опсегoт од 5,25 до 5,50 отсто, имајќи предвид дека инфлаторните притисоци постепено се намалуваат. Речиси сите челници на Fed рекоа дека наредната година каматните стапки ќе бидат намалени, и тоа во три наврата.
Дополнителна поддршка за пазарот даде коментарот на претседателот на Fed, Џером Пауел, на прес-конференцијата дека централната банка најверојатно нема повторно да ги зголеми каматните стапки.
„Инфлацијата се намали, и без значително зголемување на невработеноста. Тоа е добра вест. Fed сега е многу фокусирана да не направи грешка да ги држи каматните стапки премногу високи предолго“, рече Пауел
Во таква атмосфера на пазарите, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 102,62 поени, додека ден претходно во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,82 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,40 на 141,80 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0895 долари, додека во средата во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0795 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претполаднево зајакна за 0,36 отсто, на 74,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,23 отсто, на 69,65 долари.